ИСПЛАШЕНИ ТАНЧАРКИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:120:"Штоќенисехоландскивелосипедикогасиимамекинескиавтобуси?

    1 Кога се објавуваат анкетите со рејтинзите на партиите пред изборите, речиси сите даваат значење на процентот на неопределени гласачи и на оние што нема да излезат да гласаат. Претпоставувам дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се концентрираат да ги убедат токму тие гласачи, оти нивните и онака ќе гласаат за нив.
    Ние, во “Вест”, обично не објавуваме предизборни анкети. Се трудиме да не се извалкаме. Ама мислам дека би објавиле анкета на која покрај графите “неопределени” и “нема да излезат на избори”, би имало посебна графа “исплашени”.
    Во држава во која единствената надеж од изборите е да добиеш работа во јавна администрација или, пак, ако имаш приватен бизнис, се крстиш во една партија за да ти тргне, броењето на “исплашените” е многу важно за крајниот резултат на изборите.
    Дали забележувате дека и самите понекогаш се фаќате во ситуација да внимавате да не ве видат со кого се дружите, со кого играте фудбал, дали кумот, кој ви е најдобар другар од детството, е од спротивниот табор? Сите се во некаква параноја од прислушување. Сите нешто викаат: “Немој да зборуваш по телефон, ќе се видиме, да не н слушаат…” Не оти може сите да се слушаат, ама интересно е. Што е сигурно, сигурно е. Не дај боже камера да те фати на улица и да те прашаат за мислење. Професори и директори бегаат од микрофон и камера како од црн ѓавол, а не, пак, обични граѓани.
    Да сум јас на местото на Груевски и на Шеќеринска, ќе им понудам на гласачите дека со нив нема од што да се плашат. Убеден сум дека исплашените граѓани можат значително да ги решат изборите. Зошто? Затоа што кога ќе се соочиш на 5 јуни сам зад параванот со пенкалцето и ливчето, стравот ќе ти помине. Нема кој да те види, нема кој да те чуе и нема кој да те сними.
    Се надевам.

    2 Само на исплашени и сиромашни луѓе можеш да им продадеш палми покрај канализација за да се чувствуваат како да се на море. Оти ако немаме пари за да одиме на море, не е толку страшно. Имаме плажа.
    Ова со палмите во центарот на Скопје не е нова работа. Уште Ристо Пенов кога беше градоначалник пред десетина години, стави три палми на Плоштадот. И тоа неговите беа во боја. Имаше жолта, црвена и зелена палма. Се сеќавам дека на врвот имаа кокоси. Ги донесе за Нова година. Шетавме за да им се изначудиме. Сакаше да ги остави, ама таму почна нешто да се гради и палмите настрадаа.
    Не знам дали ќе настрадаат и палмите на Коце Трајановски. Оти тие, за разлика од оние на Пенов, се живи. Не е лошо да распишат тендер за грејачи во зима. Кога веќе ја пропуштија можноста да набават вентилатори за знамињата кога нема ветер, со палмите не смеат да утнат. Мораат со грејачи за да направат барем приближно природна средина за тропските растенија.
    Инаку, мајмуни има доволно.

    3 Анкетите што секој ден разни агенции и невладини организации ни ги претставуваат се како танчарки на шипка. Или, уште подобро, како танчарки во скут. Во зависност од тоа колку ќе им платиш, толку ќе ти се дигне. Рејтингот.

    4 Никој од ВМРО-ДПМНЕ, а богами ни од СДСМ не се појави на Денот на холандската кралица во Скопје. Постигнале консензус.
    Не знам за опозицијата, ама на ВМРОвците во последно време не им се допаѓа холандската амбасадорка Симоне Филипини. Тие и се лутат на амбасадорката, ама не и се налутија белки и на кралицата. Или на Холандија. Оти Холандија е меѓу најголемите донатори во Македонија. Даваат помош во проекти од областа на финансиите, па преку здравството, образованието, екологијата, културата… Во Утрехт организираа досега најскапа изложба на македонското културно наследство во светот. Самата Филипини повеќе се радуваше на првиот авион со холандски туристи од Амстердам за Охрид отколку што му се радуваа охриѓани.
    Така е тоа. Парите им ги сакаме, ама амбасадорката не им ја сакаме.
    Во знак на протест, премиерот Груевски требаше на Филипини да и го врати велосипедот што таа му го подари пред две години. Оти така прават децата кога ќе се налутат. Нам не ни требаат холандски велосипеди. Си имаме ние кинески автобуси. И тоа двокатни.

    5 Ама не е ни само до парите. Им кажал ли некој дека холандската амбасада оваа и идната година е и контакт амбасада на НАТО во Македонија.
    И кога сме веќе кај НАТО, сигурен сум дека додека го пишувале отчетот за сработено, не гледале вести на ТВ “Алфа” и не го виделе интервјуто на поранешниот амбасадор на САД во НАТО Курт Вокер.
    Само неколку цитати:
    “Жално е да се каже дека Македонија не напредува и сметам дека избраното лидерство ги изневери луѓето”.
    “Сега гледам како земјата назадува, како не се инвестира во суштински работи, политичка слобода, демократски институции, пазарна економија, интеграција во ЕУ и во НАТО. Жално е да се види тоа”.
    “Го дигнаа национализмот како цел, наместо тоа да е добросостојбата на луѓето”.
    “Дали во Македонија навистина има отворени и независни медиуми каде што ставовите можат да се искажат и да се дебатира за нив?”
    Да нема забуна. Ова не е некој бирократ од Брисел кој мора да води сметка за Грција. Ова е човек кој во времето на Бушовата администрација беше помошникдржавен секретар. Ова го зборува човек кој во времето на Буш беше задолжен за организацијата на НАТОсамитите во Прага 2002 и во Истанбул 2004 година.
    Зборуваме за оној Џорџ Буш кој како претседател на САД го призна уставното име на Република Македонија. Зборуваме за Буш кој ја туркаше Македонија во НАТО уште од Прашкиот самит во 2002 година, па с до последниот ден од својот мандат.
    Е видете како сега за Македонија зборува негов близок соработник. И после одете на плажа. Гледајте како палмите ги лулаат гранките.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира