ВРЕМЕТО ЛЕТА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:61:"Живототнезавршувана18октомври

    1 Така телевизиски подготвени го пречекуваме празникот 11 Октомври денот кога свечено ќе започнат работите на пругата кон Бугарија. Како што сме запалени, ништо чудно во стилот на филмските новости и да запееме “Ние ја градиме пругата, пругата н гради нас!”
    2 Меѓу двата изборни круга, минатата недела почна да се гради патот Титов Велес Прилеп, преку Бабуна. Пред првиот изборен круг свечено започнаа работите на пругата кон Бугарија. Некако во исто време ја пуштија и третата лента на преминот Деве Баир.
    Ако даде Господ повеќе приговори на регуларноста на изборите, можеби ќе има преповторувања и во наредните тричетири недели. За тоа време може да се организира едно свечено поставување темелник на хидроцентралата “Чебрен”.
    3 Зошто партиските штабови ангажираат локални мангупи и им плаќаат на рекетари да ги чуваат преку ноќ изборните плакати и да прават тепачки со упади по туѓите партиски простории? Многу поевтино ќе поминат ако н ангажираат нас новинарите. Како што тргнала работата, можат и да ни дадат стапови. Зашто, ниеден тираж или гледаност на телевизија не може да биде толку ефикасен за задоволување на сопственото чувство “виде што му направив”, колку неколку удари со стап по грбот на политичкиот противник. Ако не ги боли тоа што ќе им го напишеш, барем удри со стапот.
    Нека ми простат читателите што овој пат ќе се занимавам со нашата фела и што ќе се оддалечам од препознатливиот стил на пишување. Некако, почувствував дека н злоупотребуваат, дека самите се фрламе во битки кои воопшто не мора да ги водиме, дека, едноставно, нема логика што и ние сме ги зеле стаповите, па маваме уште посилно отколку што се маваат политичките противници. Зошто?
    Се обидувам да сфатам зошто партиските лидери се толку наострени во кампањата и зошто не сакаат да изгубат. Ама никако не можам да сфатам од каде тој жар кај новинарите и желбата ние да им ја извојуваме победата. Зар заслужиле толку да се жртвуваме за нив? Што можеме да изгубиме ние, во однос на тоа што можат да го изгубат тие?
    За разлика од нив, новинарите и по изборите ќе си останат новинари. И, за разлика од нив, ние немаме што да изгубиме. Ако ништо друго, барем ќе ни останат весници, телевизии и радија каде што ќе продолжиме да пишуваме за нив. Кој и да победи, пенкалата, микрофоните и камерите не ни гинат.
    Само што до 18 октомври многумина од нас ќе го изгубат образот. Зошто? За џабе. Ако изгубат “нивните”, ќе им бидат лути зошто не си ја завршиле задачата како што треба. Ако победат, ќе се затворат во кабинетите и ќе комуницираат исклучиво преку секретарки, зашто тогаш ќе бидат големи луѓе и ќе бидат презафатени со работа за да можат да се дружат со новинари кои секогаш можат да им направат проблем.
    Тие ќе ги имаат привилегиите, тие ќе си ги делат зделките, тие ќе ги имаат врските за вработувања, тие ќе имаат предност во болниците ако се разболат, тие ќе владеат и со нас… А ние, кои овој пат ги правиме валканите работи место нив и се плукаме меѓу себе, утре ќе треба да се сретнеме на пресконференција, да си помогнеме на некој настан, да се подружиме на некое службено патување… Ако на лидерите овие избори им се значајни како с или ништо, ние белки ќе треба да живееме и по 18 октомври.
    4 Драги мои, да не си помисливте дека сум збрлавел од кампањата и сум ги помешал датумите? Или дека има грешка? Не. Ова се извадоци од моите стари “Сакам да кажам”. Првата точка е излезена во “Вечер” на 8 октомври 1994 година. Втората точка е од 29 октомври 1994. И третата точка е од 3 октомври 1998 година.
    Историјата нe учи дека историјата на ништо не нe научила.
    Единствената утеха е што ова што денес ни се случува не почнало сега туку е процес кој трае веќе 20 години. Со надеж дека и ние ќе го дочекаме неговиот крај. И ако веќе гледаме оптимистички, да се надеваме дека од овие избори ќе излезе и нешто добро.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира