Неколку бротчиња потонаа во езеро во Тексас за време на парадата за поддршка на претседателската кампања на Доналд Трамп.
Властите кажаа дека во езерото Тревис во близина на Остин имало голема бројка пловила кои биле блиску едни до други, што ја разбранувало водата. Снимките од парадата покажаа бротчиња со обележја на кампањата на Трамп како маневрираат на блиско растојание.
Локалните медиуми објавија дека неколку луѓе биле спасувани од водата, но нема информации дека има повредени. Настанот „Голема бродска парада за Трамп“ бил организиран преку Фејсбук.
„На езерото имаше исклучително голем број бродови. Кога сите почнале да се движат во исто време, предизвикале бранови. Неколку бродови потонаа“, изјави портпаролката на шерифот на областа Тревис, Кристен Дарк.