ДЕСЕТИНА ДЕНА ПРЕД ИЗБОРИТЕ ПРЕДМЕТИТЕ НА ГРУЕВСКИ И ЈАНКУЛОСКА БИЛЕ СТАВЕНИ НА ДНЕВЕН РЕД, НО ДВЕ ВРХОВНИ СУДИЈКИ ПОБАРАЛЕ ДА ГИ ЧИТААТ УШТЕ МАЛКУ

    ДЕСЕТИНА ДЕНА ПРЕД ИЗБОРИТЕ ПРЕДМЕТИТЕ НА ГРУЕВСКИ И ЈАНКУЛОСКА БИЛЕ СТАВЕНИ НА ДНЕВЕН РЕД, НО ДВЕ ВРХОВНИ СУДИЈКИ ПОБАРАЛЕ ДА ГИ ЧИТААТ УШТЕ МАЛКУОвие два предмета, од непознати причини за јавноста, уште не се решени. Во Врховниот суд тие поминаа два изборни циклуса, ланските претседателски и годинашните парламентарни избори. Чекале досега кај два претседатела. - Никола Груевски пред поранешното СЈО (Фото:СДК.МК)

    Барањата за вонредно преиспитување на затворските пресуди на избеганиот експремиер Никола Груевски и на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, биле ставени, па тргнати од дневен ред во Врховниот суд, десетина дена пред предвремените парламентрани избори на 15 јули.

    Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од судот, две врховни судијки, кои членуваат во кривичните совети што треба да одлучуваат, побарале време да ги читаат предметите уште малку, иако жалбите Груевски и Јанкулоска ги поднесоа уште пред околу 2 години.

    Овие два предмета, од непознати причини за јавноста, уште не се решени. Во Врховниот суд тие поминаа два изборни циклуса, ланските претседателски и годинашните парламентарни избори. Чекале досега кај два претседатела. Првин на дневен ред не ги ставаше сега веќе разрешениот Јово Вангеловски. Точно една година в.д. претседател е врховниот судија Фаик Арслани.

    Груевски барањето за вонредно преиспитување на затворската казна од 2 години за случајот „Тенк“ го поднесе во октомври 2018 година, непосредно пред бегството на 8 ноември. Јанкулоска по правосилната одлука на Апелациониот суд Скопје со која ѝ ја намали казната од 6 на 4 години затвор, поднесе барање до Врховниот суд во март 2019 година.

    Таа требаше да почне да ја отслужува казната на 1 јули лани, но Врховниот суд по поднесеното барање во март, тогаш брзо го прочита нејзиниот предмет и експресно донесе одлука да не оди во затвор додека не се одлучи по барањето. Значи две години од поднесокот на Груевски и година ипол од поднесокот на Јанкулоска, највисокиот суд не ги става на одлучување нивните предмети.

    Во последното обраќање на САКАМДАКАЖАМ.МК до Врховниот суд, ни беше одговорено дека Одделот за казниви дела во текот на наредните редовни седници во септември ќе расправа за предметите на Груевски и на Јанкулоска, без да ги прецизира датумите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира