ПОЧИНАА 6 ЛИЦА ОД 55 ДО 86 ГОДИНИ, НОВИ 37 ПОЗИТИВНИ НА КОВИД ОД 484 ТЕСТОВИ

    ПОЧИНАА 6 ЛИЦА ОД 55 ДО 86 ГОДИНИ, НОВИ 37 ПОЗИТИВНИ НА КОВИД ОД 484 ТЕСТОВИВо ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 27 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во болница починаа шестмина пациенти по компликации од ковид-19, а во последните 24 часа се направени 484 тестирања и регистрирани се 37 нови случаи.

    Министерството за здравство соопшти дека починатите се пациенти од Скопје (73 години), Струга (79), Гостивар (55), Крива Паланка (63), Делчево (86) и од Кичево (74).

    Најмногу нови заболени од последната статистика има во Скопје-9, па следат: Дебар-1, Прилеп-5, Тетово-3, Гостивар-1, Гевгелија-12 (странски државјани), Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Делчево-1, Кратово-1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 56, нема пациенти на механичка вентилација.

    Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се 2 деца и 1 мајка позитивни на ковид-19, 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.

    Во Градската општа болница ( ГОБ) „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 27 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од: Скопје-171, Куманово-15, Штип-10, Прилеп-15, Тетово-2, Велес-6, Битола-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-2, Пробиштип-3, Пехчево-3, Берово-5, Виница-1, Свети Николе-8, Кичево-1, Неготино-1.

    Вкупнo ковид дијагностицирани во земјава има 15.127, оздравеа 12.486, починаа 623, а активни се 2.018. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 6123, активни 591

    • Куманово 1540, активни 248

    • Дебар 261, активни 29

    • Штип 1182, активни 96

    • Прилеп 525, активни 142

    • Тетово 1254, активни 125

    • Струга 595, активни 64

    • Велес 278, активни 20

    • Битола 225, активни 40

    • Охрид 360, активни 45

    • Кавадарци 190, активни 47

    • Гостивар 823, активни 134

    • Гевгелија 73, активни 46 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)

    • Струмица 83, активни 31

    • Крива Паланка 60, активни 19

    • Радовиш 46, активни 7

    • Крушево 17, активни 1

    • Кочани 160, активни 33

    • Пробиштип 90, активни 15

    • Демир Хисар 60, активни 2

    • Македонски Брод 77, активни 10

    • Пехчево 38, активни 28

    • Берово 68, активни 41

    • Валандово 9, активни 2

    • Виница 82, активни 28

    • Делчево 103, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 23, активни 7

    • Свети Николе 301, активни 37

    • Кичево 286, активни 45

    • Ресен 147, активни 0

    • Неготино 48, активни 8 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 484 теста се преку: ИЈЗ-90, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0, Биотек-57, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-145, Систина со ПЦР метода -146, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-27, Инфективна клиника-7, ГАК-12, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 158.003 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

    • Чаир – 55

    • Гази Баба – 70

    • Аеродром – 102

    • Карпош – 65

    • Центар – 58

    • Кисела Вода – 70

    • Ѓорче Петров – 35

    • Бутел – 37

    • Шуто Оризари – 24

    • Студеничани – 16

    • Сарај – 15

    • Арачиново – 10

    • Илинден – 11

    • Сопиште – 6

    • Чучер Сандево – 2

    • Петровец – 5

    • Зелениково – 2

    • Странец – 6

    • Нераспределен-2

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира