САД СЕ ИЗВИНИЈА ДЕКА НЕНАМЕРНО ЈА БОМБАРДИРАЛЕ СИРИСКАТА ВОЈСКА

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Бејрут,Вашингтон(АП)

    САД СЕ ИЗВИНИЈА ДЕКА НЕНАМЕРНО ЈА БОМБАРДИРАЛЕ СИРИСКАТА ВОЈСКА

    Администрацијата на американскиот претседател Обама изрази жалење поради „ненамерната загуба на животи“ откако силите на САД по грешка ги бомбардирале силите на сирискиот претседател Башар Ал Асад.

    Сириската армија соопшти дека смртоносниот воздушен напад погодил база во источниот град Деир ел-Зур што е опкружен од страна на ИСИС. Руската војска соопшти дека од страна на сириската армија им било кажано дека во воздушниот напад загинале најмалку 62 војници, а повеќе од 100 биле повредени.

    Американската армија соопшти дека можеби ненамерно удрила по сириските трупи при напад против силите на Исламската држава во саботата, што е закана за кревкото примирје за кое се договорија САД и Русија, што се одржува и покрај десетиците наводни прекршувања на двете страни.

    Советот за безбедност на Обединетите нации на барање на Русија закажа затворен итен состанок за сабота навечер.

    Централната команда на САД изјави дека нападот бил итно прекинат кога официјалните претставници на коалицијата биле информирани од страна на руските претставници дека е можно да биле нападнати луѓе и возила што се дел од сириската војска.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира