НАЈМАЛКУ 29 ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЊУЈОРК

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Њујорк,(агенции)

    НАЈМАЛКУ 29 ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЊУЈОРК

    Њујорк е во состојба на готовност откако се случи експлозија во областа Челси во Менхетн, повредувајќи 29 луѓе, од кои еден сериозно.

    Илјадници луѓе беа во една од најпопуларните области во Њујорк, позната по бројни кафетерии, ресторани, барови и ноќен живот, кога експлозијата одекна низ Менхетн околу 8.30 часот навечер во саботата по локално време. Се верува дека екплозијата потекнува од направа поставена во или блиску до контејнер. Нешто подоцна, во близина на експлозијата беше пронајдена втора импровизирана експлозивна направа, соопшти полицијата.

    Луѓето што живеат во областа добија инструкции да не се приближуваат до прозорците додека да заврши претрагата по други направи. Полицијата го чешла теренот со помош на специјализирани кучиња и ги проверува контејнерите. Неколку часа претходно, имаше експлозија во Њу Џерси на оддалеченост од околу 100 километри, која беше темпирана да прекине хуманитарна трка на маринци.

    Бил де Блазио, њујоршкиот градоначалник, кажа дека експлозијата во Челси била „промислен чин“, но инсистираше дека нема веродостојна терористичка закана по градот и додаде дека нема поврзаност со експлозијата во Њу Џерси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира