НОВАТА ВЕРЗИЈА НА ВИРТУЕЛНИОТ АСИСТЕНТ „СЛАВЧО“ Е ДИЗАЈНИРАНА ДА ИМ ПОНУДИ ПОМОШ И ПОДДРШКА ЗА СИТЕ ПРАШАЊА НА КОРИСНИЦИТЕ НА „А1 МАКЕДОНИЈА“

    НОВАТА ВЕРЗИЈА НА ВИРТУЕЛНИОТ АСИСТЕНТ „СЛАВЧО“ Е ДИЗАЈНИРАНА ДА ИМ ПОНУДИ ПОМОШ И ПОДДРШКА ЗА СИТЕ ПРАШАЊА НА КОРИСНИЦИТЕ НА „А1 МАКЕДОНИЈА“Од „А1 Македонија“ велат дека „Славчо” е првиот виртуелен експерт во форма на четбот со човечки карактеристики кој може да комуницира на македонски јазик, притоа разбирајќи кирилица и латиница. (Фото: А1 Македонија)

    Новата и усовршена верзија на виртуелниот асистент „Славчо“, базиран на вештачка интелигенција, е дизајнирана да понуди помош и поддршка за сите прашања на корисниците поврзани со услугите на А1, соопшти компанијата.

    Преку четботот „Славчо“, кој е дел од А1 Гуру платформата, корисниците имаат можност да добијат одговори на своите прашања без да посетуваат продажни салони или да се јавуваат во контакт центарот на компанијата и на едноставен начин да пристапат до виртуелниот асистент што ќе одговори на сите нивни прашања, но и ќе им помогне во надминување на било каква техничка потешкотија со нивните услуги.

    „Со неговото усовршување, А1 Македонија ја потврдува својата определба да обезбеди дигитални алатки кои овозможуваат наједноставен и најлесен начин за комуникација со своите корисници и го прави процесот на набавка и користење на услугите од богатото портфолио пријатно искуство”, вели Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

    Од компанијата велат дека „Славчо” е првиот виртуелен експерт во форма на четбот со човечки карактеристики кој може да комуницира на македонски јазик, притоа разбирајќи кирилица и латиница. Освен помош при избор на телефонски уред, виртуелниот експерт може да понуди помош и техничка поддршка за користење на мобилни и фиксни услуги на А1 – интернет, телефонија и телевизија, помош за брзо, безбедно и едноставно плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на сметка и надополнување на кредит за припејд корисниците, активирање, деактивирање на услуги и пакети, како и информации за тарифи и промоции.

    Четботот „Славчо“ инкорпорира комбинација на модули за длабинско учење и машинско учење кои се одговорни за разбирање на контекст и составување на пораки и може да се справува со повеќе области на знаење.

    Комуникацијата со „Славчо” е целосно бесплатна, a за да се допишуваат со него, корисниците треба едноставно во пребарувачот да пристапат преку веб страницата на А1 Македонија или преку апликациите „Вибер“ и „Фејсбук Месинџер“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира