ШПАНСКАТА ПРИНЦЕЗА ЛЕОНОР СТАВЕНА ВО КАРАНТИН ПОРАДИ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ВО НЕЈЗИНИОТ КЛАС

    ШПАНСКАТА ПРИНЦЕЗА ЛЕОНОР СТАВЕНА ВО КАРАНТИН ПОРАДИ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ВО НЕЈЗИНИОТ КЛАСПринцезата Леонор беше меѓу осумте милиони шпански деца кои тргнаа на училиште минатата недела (Фото: Ројтерс)

    Наследничката на шпанскиот трон, принцезата Леонор, е ставена во карантин откако нејзин соученик имал позитивен тест на коронавирус. Четиринаесетгодишната ќерка на кралот Фелипе ќе биде тестирана за коронавирус, како и сите ученици од нејзиниот клас во основно училиште во Мадрид.

    „Кралот и кралицата Летиција засега ќе продолжат со своите кралски задолженија“, соопшти портпаролот на кралското семејство.

    Осум милиони шпански деца минатата недела се вратија на училиште, но некои набргу беа затворени поради заразени ученици. Властите на Галиција го одложија почетокот на учебната година за учениците од 14 до 18 години.

    Шпанија вчера пријави над 4.000 нови случаи на коронавирус, додека вкупната бројка заразени порасна на 566.326, најмногу во западна Европа. Од ковид-19 досега починале речиси 30.000 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира