ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ РЕСТАВРИРА 18 ИЗЛОЗИ НА ДУЌАНИ ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ РЕСТАВРИРА 18 ИЗЛОЗИ НА ДУЌАНИ ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈАОд Општината велат дела проектот е одобрен и има добиено дозвола од Конзерваторски Центар – Скопје и Управата за заштита на културно наследство.(Фото: Општина Центар)

    Осумнаесет излози на дуќани во Старата скопска чаршија ќе бидат реставрирани во заеднички проект на Општина Центар и Министерството за економија. Од Општина Центар велат дека станува збор за дотраени и уништени дуќани и излози, а дел од нив го нарушуваат автентичниот лик на Чаршијата.

    „Врз основа на конзерваторските услови изработен е основен проект за конзервација и реставрација на излозите на дуќаните во Старата скопска чаршија за секој објект поединечно. Запазени се сите процедури и сите работи предвидени со проектот, описи и количини, кои ќе бидат во согласност со важечките технички нормативи на занаетот и со употреба на градежен материјал и приложување на сертификати за истите“, вели градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

    Од Општината велат дела проектот е одобрен и има добиено дозвола од Конзерваторски Центар – Скопје и Управата за заштита на културно наследство.

    Вкупната инвестиција изнесува 3. 300.000 денари.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира