Целата ирска влада ќе оди во самоизолација откако министерот за здравство Стивен Донели имал позитивен тест за коронавирус. Од исти причини, и ирскиот парламент во Даблин ќе ја прекине својата работа најмалку на една недела.
Донели утрово се пријавил на тестирање откако се почувствувал лошо.
„Поради денешните настани, целиот владин кабинет мора да оди во самоизолација, поради што и парламентот не е во можност да работи и паузата ќе трае до следниот вторник или додека не добиеме друго известување од премиерот“, изјави спикерот на долниот дом, Шон О‘Фиргејл.