ДЕСЕТИНА ДЕНА ПРЕД СТАРОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА, ПОЧНА ОБУКАТА НА НАСТАВНИЦИТЕ ЗА ПЛАТФОРМАТА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА

    ДЕСЕТИНА ДЕНА ПРЕД СТАРОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА, ПОЧНА ОБУКАТА НА НАСТАВНИЦИТЕ ЗА ПЛАТФОРМАТА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВАПредавањата на училишните обучувачи ги одржуваат триесет национални обучувачи кои беа избрани од редовите на наставниот кадар во основните и средни училишта од различни општини во земјата. (Фото: МОН )

    На десет дена пред почетокот на новата учебна година, денес почнаа обуките на наставниците за користење на националната платформа за онлајн настава.

    Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека обуката ќе трае од денес до сабота и со неа се опфатени 1.600 наставници и резервни наставници коишто понатаму ќе треба да го пренесат знаењето за користење на платформата на своите колегии во училиштата.

    МОН ги спроведува обуките во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Бирото за развој на образование.

    „Предавањата на училишните обучувачи ги одржуваат триесет национални обучувачи кои беа избрани од редовите на наставниот кадар во основните и средни училишта од различни општини во земјата. Мастер тренерите претходно ги поминаа потребните обуки за да може да го пренесуваат знаењето и вештините за платформата. Пред официјалното пуштање на платформата во употреба на први октомври годинава ќе претходат низа тестирања“, велат од кабинетот на министерката Мила Царовска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира