БИБЛИОТЕКАТА ВО ВЕЛЕС ЗАТВОРЕНА ПОРАДИ ВРАБОТЕНА ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19

    БИБЛИОТЕКАТА ВО ВЕЛЕС ЗАТВОРЕНА ПОРАДИ ВРАБОТЕНА ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19Библиотеката нема да работи додека не заврши периодот на изолација на четворицата вработени. (Фото: СДК.МК)

    Вработена во велешката библиотека „Гоце Делчев“ е позитивна на ковид-19, поради што е затворена оваа оваа локална институција. Превентивно, откако и четворица вработени се испратени во изолација, одлучено е таа да не работи.

    „Одлучивме дека е најдобро, во интерес на читателите, библиотеката да не работи сè додека не мине периодот на изолација за вработените“, рече градоначалникот Аце Коцевски.

    Тој кажа и дека вработен во локалната власт е позитивен на ковид-19.

    „Службите во Општина Велес продолжуваат да работат, иако имаме тројца вработени кои се во изолација“, рече Коцевски.

    Изминатава седмица во основното училиште „Васил Главинов“ регистрирани се два случаја на наставнички позитивни на ковид-19, а исто толку и во хемиското училиште „Димитрија Чуповски“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира