БЕЛГИЈА ДОБИВА ВЛАДА 16 МЕСЕЦИ ПО ОДРЖУВАЊЕТО НА ИЗБОРИТЕ

    БЕЛГИЈА ДОБИВА ВЛАДА 16 МЕСЕЦИ ПО ОДРЖУВАЊЕТО НА ИЗБОРИТЕДосегашниот привремен министер за финансии Александер де Кро ќе биде на чело на коалицијата на седум партии (Фото: Ројтерс)

    Белгија денеска конечно добива нов влада, 16 месеци по завршувањето на парламентарните избори, при што се очекува кралот да го именува досегашниот министер за финансии Александер де Кро за нов премиер.

    По неколку недели преговори, седум политички партии се обединија за да формираат влада, во која ќе влезат либерали, социјалисти, зелени и демохристијани. Таа ќе ја замени привремената администрација на чело со Софи Вилмес, која ја водеше Белгија низ шестмесечната криза со коронавирусот.

    „Големите политички пречки се зад нас и среќен сум што успеавме да составиме програма со седум партнери“, кажа Сервез Ферхерстретен од редовите на Демохристијаните.

    Националистичката партија Нова фламанска алијанса, која освои најмногу гласови на изборите на 26 мај 2019 (16%), нема да биде застапена во новата владејачка коалиција Вивалди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира