МОДНИОТ БРЕНД „КЕНЗО“ СЕ ИНСПИРИРАШЕ ОД „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ЗА СВОЈАТА ПРОЛЕТНА КОЛЕКЦИЈА

    МОДНИОТ БРЕНД „КЕНЗО“ СЕ ИНСПИРИРАШЕ ОД „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ЗА СВОЈАТА ПРОЛЕТНА КОЛЕКЦИЈАКолекцијата е дело на португалскиот дизајнер Фелипе Оливиера Баптиста (Фото: Вог)

    Францускиот моден бренд „Кензо“ ја претстави својата нова пролетна колекција, која е инспирирана од „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, македонскиот документарен филм со историски две номинации за Оскар, за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

    (Фото: Вог)

    Во колекцијата на португалскиот дизајнер Фелипе Оливиера Баптиста се истакнуваат креации со пчеларски вел, за кои тој вели дека се референца на „Медена земја“.

    Во прилог на ревијата, угледното модно списание „Вог“ потсетува дека филмот го прикажува контрастот помеѓу главната протагонистка, жена која ги почитува пчелите и им остава половина мед за да преживеат, и нејзинте соседи, кои ги искористуваат природните ресурси и ги убиваат пчелите.

    Тоа е една од најдревните соработки помеѓу човекот и природата. Сакав да ја изразам кршливоста на ситуацијата во која што се наоѓаме. Сите го гледаат дното на ситуацијата, но ние одиме високо и сонуваме за оптимизам и иднина“, изјави Баптиста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира