Наставник во битолско училиште е позитивен на коронавирус, потврдија од Центарот за јавно здравје во Битола. Ученици во изолација нема зашто наставникот држел онлајн часови и немал контакти со нив.
Ова е прв случај на заразен просветен работник во Битола. Во последните денови бројот на заболени во Битола почна нагло да се зголемува и за 16 дена регистрирани се над 120 нови случаи на коронавирус.
Ж. ЗДРАВКОВСКА