АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА БРНЗ ВО „АЛКАЛОИД“ ОД КАДЕ ЛАНИ СЕ ИЗВЕЗЕНИ ЧАЕВИ ЗА САД ВО ВРЕДНОСТ ОД 5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА БРНЗ ВО „АЛКАЛОИД“ ОД КАДЕ ЛАНИ СЕ ИЗВЕЗЕНИ ЧАЕВИ ЗА САД ВО ВРЕДНОСТ ОД 5 МИЛИОНИ ДОЛАРИАмбасадорката Брнз ги обиколи производните капацитети на компанијата и изрази воодушевеност од високото ниво на технолошка опременост и човечкиот капитал кој управува со процесите (Фото: Алкалоид)

    Делегација на Амбасадата на САД во Македонија предводена од амбасадорката Кејт Мери Брнз го посети „Алкалоид“ АД Скопје, запознавајќи се со резултатите од работењето на компанијата и со нејзините пласмани и производни операции. Беа презентирани и бројните инвестиции кои „Алкалоид“ континуирано ги реализира, како и извозните активности, кои се еден од клучните сегменти на корпоративната политика на компанијата, соопшти компанијата.

    „Алкалоид“ има долгогодишна успешна соработка со САД, каде што во 2005 основаше своја подружница, со седиште во Њу Олбани, Охајо. На ваквиот деловен потег му претходеше успешната петдецениска деловно-техничка соработка со реномирани компании од САД. Во моментов, „Алкалоид“ е партнер од избор на неколку реномирани американски фармацевтски компании, со кои има различни форми на соработка, како лиценцно производство, маркетиншко застапување и авторизации за дистрибуција на нивни производи.

    Од деловните потфати во САД, „Алкалоид“ особено го истакнува пласманот на чаевите од програмата „Good Nature“. Во изминатите 15 години компанијата има воспоставено успешна соработка со американски компании специјализирани за производство и дистрибуција на чаеви и природни лековити производи, како ,,АВЕДА“ (членка на групацијата „Есте Лаудер“), „Арбон Интернационал“ и ,,Свансон“, кои во 2019 надминаа извоз во САД од пет милиони американски долари, со тенденција за раст.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира