ЌЕ БИДЕМЕ ОТВОРЕНИ ЗА СИТЕ ШТО ШТО ИМААТ ИДЕИ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ – МИШКО РАЛЕВ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИ

    ЌЕ БИДЕМЕ ОТВОРЕНИ ЗА СИТЕ ШТО ШТО ИМААТ ИДЕИ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ – МИШКО РАЛЕВ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИДосегашниот претседател Мартин Пановски му честита на новиот претседател Мишко Ралев по изборот (Фото: СДК.МК)

    Архитектот и професор Мишко Ралев е нов претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Проф. д-р Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје, беше избран на вчерашното собрание на ААМ. Доаѓа на местото на досегашниот претседател Мартин Пановски.

    За нов претседател на Собранието на Асоцијацијата е избрана архитектката Искра Јанковска Михајловска.

    Поради мерките за претпазливост од коронавирусот Собранието беше одржано на отворен простор во дворот на Архитектонскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

    Новиот претседател Ралев ни рече дека Асоцијацијата има старо-ново раководство, затоа што смета дека треба да се задржат позитивните пракси кои ги имало претходното раководство.

    „Тука мислам на контакти и врски со јавноста, со политичкиот естаблишмент, со локалната самопурава и со Министерството за транспорт и врски, на отвореност за сите критики, позитивни и негативни кои се однесуваат на исполнување на просторот. Асоцијацијата на архитекти има повеќе врска со архитектурата, не со архитектите. А архитектурата е поврзување, релација со луѓето. Ќе бидеме отворени за јавноста за сè она што значи исполнување на простор“, ни изјави Ралев.

    Членови на Управен одбор на ААМ се архитектите: Мартин Деловски, Марта Илиевска, Јана Гугулоска- Ѓорѓевиќ, Бесиан Мехмети, Иван Арсовски и Александар Радевски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира