МЕЛБУРН ПО 112 ДЕНОВИ ИЗЛЕГУВА ОД КАРАНТИН

    МЕЛБУРН ПО 112 ДЕНОВИ ИЗЛЕГУВА ОД КАРАНТИНМелбурн воведе карантин во јули кога имаше над 700 нови случаи на коронавирус на ден (Фото: ЕПА)

    Вториот најголем град во Австралија, Мелбурн, објави дека в среда ќе излезе од карантин по цели 112 денови, откако не регистрираше нов случај на коронавирус за првпат од јуни.

    Сојузната држава Викторија беше епицентар на вториот бран на ширењето на заразата во Австралија, па властите на Мелбурн им наредија на своите пет милиони жители да седат дома, ги ограничија патувањата и ги затворија продавниците и рестораните. Тие денеска кажаа дека градот е подготвен повторно да се отвори.

    „Со нула нови случаи на коронавирус на толку многу тестирања викендов, конечно можеме да кажеме дека е време повторно да се отвориме. За ова се заслужни сите жители на Викторија кои строго ги почитуваа правилата“, изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус.

    Во јули, Викторија пријавуваше над 700 нови случаи на зараза во еден ден, но строгите мерки, кои вклучуваа и полициски час, дадоа резултат. Во Австралија досега починаа 905 луѓе од ковид-19, од кои 90% во Викторија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира