ЗЕМЈОТРЕС ОД СЕДУМ СТЕПЕНИ СПОРЕД РИХТЕР ГИ ЗАТРЕСЕ ТУРЦИЈА И ГРЦИЈА

    ЗЕМЈОТРЕС ОД СЕДУМ СТЕПЕНИ СПОРЕД РИХТЕР ГИ ЗАТРЕСЕ ТУРЦИЈА И ГРЦИЈАСнимките од Измир покажуваат урнати згради (Фото: Милијет)

    Земјотрес со јачина од седум степени според Рихтерова скала денеска ги погоди Турција и Грција.

    Епицентар на земјотресот бил 17 километри покрај брегот на западната турска провинција Измир, северно од грчкиот остров Самос во Егејско Море. Тресењето се почувствувало и во Атина, Истанбул и на грчкиот остров Крит.

    Засега нема информации за жртви, додека снимките од Измир покажуваат урнати згради. Грчките медиуми јавуваат за штети и на Самос.

    Во земјотресот што го погоди Измит во 1999 година загинаа 17.000 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира