Спасувачки тимови утринава пребаруваа низ бетонски блокови и остатоци од осум урнати згради во потрага по преживеани по силниот земјотрес што ги погоди турската провинција Измир и грчкиот остров Самос, убивајќи најмалку 27 луѓе. Над 800 се повредени.
Вчерашниот земјотрес со јачина од 6,6 степени сруши згради во Измир, третиот по големина град во Турција, и предизвика мало цунами во областа Шеферихисар и на островот Самос. По силниот земјотрес имаше и стотици афтершокови.
Најмалку 25 луѓе загинаа во Измир, вклучувајќи и постара жена, која се удави, според турските власти. Двајца тинејџери загинаа на островот Самос.
Малото цунами што го погоди турскиот брег на Егејското море ги поплави улиците во градот Вати, а властите ги предупредија граѓаните да одат подалеку од брегот и од потенцијално оштетените објекти.