Судија на претходна постапка од Основниот кривичниот суд Скопје на осомничената ексдиректорка на Агенцијата за европски образовни програми Лидија Димова ѝ ги одзеде редовниот и дипломатскиот пасош, како мерка за обезбедување присуство додека трае истрагата против неа.
Судијата наредил и Димова редовно да се јавува во судот, а ѝ напиша и забрана да врши одредени работни дејствија. Истите мерки тој ги изрече и за другите двајцата осомничени.
Димова се сомничи за Злоупотреба на службена положба и Измама на штета на средствата на ЕУ во истрага која ја отвори финансиската полиција, а Обвинителството за организиран криминал и корупција ја прифати пријавата.
Димова е осомничена дека злоупотребила 400 илјади евра од европските фондови.