Градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов е позитивен на ковид-19 и веќе неколку дена е во домашна изолација. Здравствената состојба Анастасов сам ја објави на неговиот фејсбук профил, по што шест негови колеги од кабинетот од вчера се во самоизолација. Тој вели дека ги почитувал сите протоколи, но не знае како и од каде се заразил.
По градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, пробиштипскиот градоначалник Анастасов (33) е вториот најмлад градоначалник во Македонија.
Вчера во Пробиштип се регистрирани 14 новозаболени, а оздравени се четворица. Во Општина Пробиштип досега со ковид-19 биле 228 лица од кои активни се 81.
Т. ЈОВАНОВСКИ