Лидерите на Српската православна црква се позитивни на коронавирус неколку дена откако присуствуваа на погребот на митрополитот црногорско-приморски Амфилохије Радовиќ, кој почина од последиците на ковид-19.
Деветдесетгодишниот српски патријарх Иринеј денеска е примен во болница во Белград со покачена температура, а заразен е и никшиќкиот епископ Јоаникије, кој се наоѓа во самоизолација.
Голем број луѓе присуствуваа на црковната служба во чест на Амфилохије во неделата, при што никој не носеше маска, а многумина го бакнуваа неговото тело, кое беше положено во отворен ковчег. Меѓу присутните беа и српскиот претседател Александар Вучиќ и мандатарот за состав на црногорската влада Здравко Кривокапиќ.
Амфилохије, кој почина во петокот, важеше за една од најмоќните личности во Црна Гора и среде првиот бран на пандемијата предводеше протести во Подгорица и постојано се противеше на носење маска. И неговиот наследник имал блага пневмонија.