ВО БИХ 73 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ЕДЕН ДЕН

    ВО БИХ 73 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ЕДЕН ДЕНВо БиХ досега има речиси 1.600 мртви од ковид-19 (Фото: Аваз)

    Босна и Херцеговина го забележа најцрниот ден од почетокот на епидемијата, откако во изминатите 24 часа починале 73 лица од ковид-19. Во исто време биле регистрирани 997 нови случаи на зараза.

    Најголем дел од починатите се во Федерацијата БиХ – 52, а 19 се во Република Српска и двајца во округот Брчко. Трите ентитети во БиХ одделно ги објавуваат резултатите за коронавирусот. Вкупната бројка починати во земјата изнесува 1.583.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира