Земјотресот што утринава во 4.54 минути се почувствува на територијата на целата држава бил со јачина од 5 степени по Рихтереовата скала. Според обновените податоци на Американската владина агенција за геолошки истражувања епицентарот бил на 8 километри југозападно од Вруток, Гостиварско, поточно кај Мавровското Езеро.
Нема информации за евентуална штета.