ПОЧИНА ХРВАТСКИОТ ПЕЈАЧ КРУНОСЛАВ КИЌО СЛАБИНАЦ

    ПОЧИНА ХРВАТСКИОТ ПЕЈАЧ КРУНОСЛАВ КИЌО СЛАБИНАЦСлабинац во 1970-ите сними два хита и на македонски јазик „Плачам“ и „Летај ми, летај гулабе“ (Фото: Пиксел)

    Крунослав Киќо Слабинац, еден од најпопуларните пејачи во поранешна Југославија, почина утрово на 76 години. Тој од јули се лекуваше во Загреб откако му беше извршена сложена операција на срцето.

    Слабинац е роден во Осиек во 1944 година и на рана возраст почнал да се занимава со музика и глума. По членувањето во групата „Динамити“, започнал соло кариера на крајот на 1960-ите, а соработката со најпознатите хрватски композитори од тоа време му донесе огромна популарност низ цела Југославија, која ја претставуваше и на Евровизија во 1971 година.

    Неговите хитови од првата фаза на кариерата како „Три слатки зборови“, „Подари ми еден ден“ и „Поради една убава црна жена“ се здобија со вонвременски статус. Песните „Плачам“ и „Летај ми, летај гулабе“ и „Ангела“ ги сними на македонски јазик.

    Во средината на 1970-ите замина во САД со цел да прави меѓународна кариера, а откако се врати во Југославија се посвети на хрватската изворна музика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира