ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПРАТЕНИК ЉУБИСАВ ИВАНОВ-ЅИНГО

    ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПРАТЕНИК ЉУБИСАВ ИВАНОВ-ЅИНГОЉубисав Иванов-Ѕинго почина на 84 години.

    Љубисав Иванов-Ѕинго, поранешен пратеник, претседател на Социјалистичката партија на Македонија и првиот претседател на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) по осамостојувањето (1993-1999), почина на 84 години, соопшти ФФМ.

    Иванов, бизнисмен и сопственик на рударско-геолошкиот комбинат „Силекс“ од Кратово и на истоимениот фудбалски клуб, беше пратеник во сите состави на Собранието од осамостојувањето.

    Беше почесен петседател на ФФМ, а претседателот на фудбалската организација Муамед Сејдини соопштувајќи ја веста за неговат смрт кажа дека Иванов беше „еден од најдобрите и најважни фудбалски работници во историјата“.

    На локалните избори во 2017, по цели 27 години заврши доминацијата на Љубисав Иванов-Ѕинго и неговата Социјалистичка партија на Македонија во Кратово, кога партискиот кандидат загуби во трката за градоначалник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира