ТУРЦИЈА ВОВЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА ВИКЕНДИ И ИМ ДОЗВОЛИ НА МЛАДИТЕ ДА ИЗЛЕГУВААТ НАДВОР САМО ОД 10 ДО 16 ЧАСОТ

    ТУРЦИЈА ВОВЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА ВИКЕНДИ И ИМ ДОЗВОЛИ НА МЛАДИТЕ ДА ИЗЛЕГУВААТ НАДВОР САМО ОД 10 ДО 16 ЧАСОТЗа викенди ќе има општа забрана за движење што ќе трае од 20 до 10 часот (Фото: АП)

    Турција се придружува на сѐ подолгата листа земји кои воведуваат затворања и полициски час во екот на забрзаното ширење на коронавирусот. Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека за викенди ќе има полициски час што ќе трае од 20 до 10 часот.

    Делумната забрана за движење што досега важеше за лицата над 65 години отсега се проширува и на младите под 20 години, кои преку недела ќе може да излегуваат од дома само од 10 до 16 часот.

    За да не се нарушат продажните и производствените ланци, трговските центри, продавниците и фризерските салони ќе бидат отворени секој ден од 10 до 20 часот, додека рестораните може да работат само со нарачки. Ердоган кажа дека на сила останува и забраната за пушење на јавни места.

    Турција вчера потврди над 3.800 нови случаи на коронавирус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира