АВТОМОБИЛ ИСПИШАН СО ГРАФИТИ УДРИ ВО СЕДИШТЕТО НА АНГЕЛА МЕРКЕЛ ВО БЕРЛИН

    АВТОМОБИЛ ИСПИШАН СО ГРАФИТИ УДРИ ВО СЕДИШТЕТО НА АНГЕЛА МЕРКЕЛ ВО БЕРЛИНИнцидентот се случи во пресрет на состанокот на кој треба да се одобри проширувањето на рестриктивните мерки во Германија (Фото: Ројтерс)

    Германската полиција објави дека нема повредени во денешниот инцидент во Берлин, кога автомобил удри во портата на објектот во кој е сместено седиштето на канцеларката Ангела Меркел.

    Не е позната позадината на инцидентот, но на автомобилот беа испишани две пораки, при што една повика на „крај на глобалистичката политика“, а другата гласеше „проклети убијци на деца и стари луѓе“. Возачот на автомобилот е уапсен.

    Ова се случи во пресрет на денешните разговори на Меркел со премиерите на 16-те сојузни покраини, кога треба да биде одобрено проширувањето на рестриктивните мерки. Се очекува Германија да го продолжи „лесниот карантин“ до 20 декември и да ги ограничи собирите на само пет луѓе, што нема да важи во периодот од 23 декември до 1 јануари, кога ќе биде дозволено да се собираат до десет луѓе од различни домаќинства.

    Во Германија денеска има 410 починати од ковид-19, што е најголема дневна бројка од почетокот на епидемијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира