НАД 300 ЛУЃЕ ОСУДЕНИ НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА НЕУСПЕШНИОТ ПУЧ ВО ТУРЦИЈА ВО 2016

    НАД 300 ЛУЃЕ ОСУДЕНИ НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА НЕУСПЕШНИОТ ПУЧ ВО ТУРЦИЈА ВО 2016Турските власти одржаа јавна парада на обвинетите пред почетокот на судењето во 2017 (Фото: АФП)

    Над 300 луѓе се осудени на доживотен затвор во еден од најголемите судски процеси поврзани со неуспешниот пуч во Турција во 2016 година.

    Воени пилоти и офицери беа меѓу речиси 500 лица на кои им се судеше за обидот за соборување на претседателот Реџеп Таип Ердоган, во пучот што наводно бил раководен од воената база Акинчи во близина на Анкара. Ердоган го обвини религиозниот лидер Фетула Ѓулен, кој живее во САД, за водач на пучот, по кој беа уапсени илјадници луѓе.

    На обвинителната клупа се најдоа 475 луѓе, од кои на 337 им беше изречена казна доживотен затвор, а 60 беа осудени на најмалку 18 години затвор. Само 70 беа ослободени од сите обвиненија.

    Во пучот што се случи во јули 2016 загинаа 251 лице, а над 2.000 беа повредени. Судењето почна во август 2017, а обвиненијата вклучуваа и обиди за убиство на Ердоган и за заземање на клучни државни институции.

    Досега имаше неколку судења против учесниците во пучот, при што се изречени над 2.500 казни доживотен затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира