ЛЕВИЦА СО АМАНДМАН ЗА НОВИОТ ДЕЛОВНИК БАРА ПРАТЕНИЦИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ИМААТ ФАРБАНО ЈАЈЦЕ ДО МОНИТОР АКО РАБОТАТ ОНЛАЈН

    ЛЕВИЦА СО АМАНДМАН ЗА НОВИОТ ДЕЛОВНИК БАРА ПРАТЕНИЦИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ИМААТ ФАРБАНО ЈАЈЦЕ ДО МОНИТОР АКО РАБОТАТ ОНЛАЈНОвој е само еден од околу 1.400-те амандмани кои ги поднесоа двајцата пратеници од Левица за да не може да се воведе работата од далечина на заразените и на пратениците во изолација во екот на пандемијата. (Фото: Фејсбук/Костадин Костадинов)

    Партијата Левица застапена со двајца пратеници во Собранието, во 1.400-те амандмани што ги поднела за да се блокираат предложените измени на Деловникот за онлајн работа на заразени и пратеници во изолација, има и еден што се однесува на Велигден.

    Предлогот е за време на Велигденските празници, пратениците кои учествуваат во работата од далечина, пред себе задолжително да имаат велигденско јајце.

    Амандманот е поднесен од пратеникот Борислав Крмов од Левица. Другиот пратеник е Димитар Апасиев.

    Измените на собранискиот Деловник ги поднесе претседателот на Собранието Талат Џафери. Но, веднаш неговата иницијатива беше блокирана, со поднесување на 3.000 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и од Алијанса/Алтернатива, и со тоа осудена на пропаст уште на почеток.

    Со измените Џафери предлага можност заразените пратеници со коронавирус, како и оние кои добиле решенија за изолација поради контакт со заболен, а се негативни на ковид-19, да може да се приклучат електронски и да учествуваат во работата на Собранието од дома, дури им траат решенијата за изолација. За други болести измените на Деловникот забрануваа онлајн вклучување при отсуство.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира