Општина Центар денес ги урна трафиките кои се наоѓаат на тротоарот кај автобуската станица кај Зелен пазар во Скопје. Од Општината велат дека станува збор за пет времени објекти и се пристапило кон нивно уривање откако инвеститорите, односно сопствениците не постапиле по издадените решенија за отстранување.
Овој потег есенва беше реновиран и уреден со нов плочник и зеленило од Град Скопје.
„Акцијата продолжува и во наредниот период и ќе опфати уривање на вкупно 18 нелегални објекти на територија на општината“, велат од Општина Центар.
Вчера во рамките на акцијата беа урнати два објекти на улицата Водњанска.
А. АНТЕВСКА