ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СО СОБИР ЗА ПОДДРШКА НА СЈО В ПОНЕДЕЛНИК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СО СОБИР ЗА ПОДДРШКА НА СЈО В ПОНЕДЕЛНИК

    Шарената револуција закажа собир за поддршка на Специјалното јавно обвинителство пред Собранието в понеделник во 17 часот. Во повикот на социјалните мрежи, пишува дека по летните одмори, СЈО повторно е под напад на режимските гласноговорници и има вистински линч и пропаганда против обвинителката Катица Јанева и целото СЈО.

    „Власта со која сè уште управува обвинетиот Груевски, ја користи секоја можност за да ја блокира работата на оваа институција. Судиите од тефтерот на Горде продолжуваат да ги одбиваат барањата за притвор, го укинаа единственото што беше прифатено и го вратија едниот обвинителен предлог што СЈО го поднесе до кривичното одделение, поради причина која не им е проблем кога постапуваат по предметите на Зврлевски. Уставниот суд сè уште нема закажано седница на која ќе се разгледува иницијативата за уставноста на СЈО. Пратениците од ДПМНЕ одбиваат секаква поддршка за СЈО. Одбиваат да ги донесат потребните законски измени за заштита на сведоци и на свиркачи, одбиваат да го продолжат рокот за работење на СЈО, а собраниската говорница ја користат само за дискредитација на Катица Јанева и на институцијата што таа ја претставува“, пишува во повикот за собир објавен на Фејсбук.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира