ГЕРМАНИЈА ЌЕ СЕ ЗАТВОРИ ОД 16 ДЕКЕМВРИ ДО 10 ЈАНУАРИ

    ГЕРМАНИЈА ЌЕ СЕ ЗАТВОРИ ОД 16 ДЕКЕМВРИ ДО 10 ЈАНУАРИЗа празниците, според предложените мерки, ќе бидат дозволени средби на пет луѓе, плус деца до 14 години во кругот на семејството. (Фото: ДПА)

    Германија од среда влегува во строг локдаун како одговор на зголемениот број на инфекции со коронавирус, според предложените мерки на сојузната влада, пред денешната средба на канцеларката Ангела Меркел со премиерите на 16-те покраини. Според предлогот, до кој дојде агенцијата ДПА, се предвидува затворање на речиси сите продавници, освен најосновните, од 16 декември (среда) до 10 јануари, како и воведување строги рестрикции за училиштата и градинките.

    Покраините се согласија на делумно затворање на почетокот на ноември и сите кафулиња и ресторани беа затворени, но продавниците и училиштата останаа отворени.

    Но, овие мерки не ги дадоа посакуваните резултати и Германија регистрираше нови неповолни рекорди, а болниците во некои региони се блиску до пополнување на капацитетите.

    „Нашето општество мора да се подготви за тврд локдаун и како се одвиваат работите, тоа ќе биде пред Божик.“, кажа вчера Винфрид Кречман, премиер на покраината Баден-Виртемберг.

    За празниците, според предложените мерки, ќе бидат дозволени средби на пет луѓе, плус деца до 14 години, во кругот на семејството.

    Во петокот, во Германија беа регистрирани 29.875 нови случаи на коронавирус и 598 починати.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира