ШТИПСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО ИЗВЕСТИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ДВЕ ЛИЦА КОИ ГЛАСАЛЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК, ИАКО БИЛЕ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС 

    ШТИПСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО ИЗВЕСТИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ДВЕ ЛИЦА КОИ ГЛАСАЛЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК, ИАКО БИЛЕ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС Основното училиште „ Ванчо Прќе“ каде што има седум избирачки места. (Фото: СДК.МК)

    На денешните избори за градоначалник на Општина Штип, СВР Штип од член на избирачки одбор добил пријава дека лица кои биле позитивни на коронавирус  гласале на гласачкото место кое се наоѓа во градинката „ Вера Цириви Трена“.

    „По службена должност полицијата постапи по поднесената пријава и утврди дека две лица на 67 и 72 години гласале на ова избирачко место иако од 12 декември поради позитивноста на корона-19 биле ставени во листата на изолација. За натамошна постапка СВР Штип го извести надлежниот Основен јавен обвинител кој работи на случајот“ вели портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.

    Општинската изборна комисија не дозволила ова избирачко места да се затвори поради овој случај па гласањето продолжило. Дознаваме дека лицата позитивни на ковид-19 биле брачна двојка во пензија. До изборната комисија имало и други пријави дека на некои избирачки места гласале и лица кои требало да бидат во самоизолација, а не се пријавиле да гласаат дома. 

    Од градинките и училиштата најавија итна дезинфекција уште по гласањето во вечерните часови, по реакциите на родителите чии што деца утре треба да одат таму на настава. 

    До 18 часот во Штип на гласање излегле околу 11 илјади, а цензусот изборите да бидат валидни е 30-процентна излезеност или 13.996 од електоратот.  Ова се вонредни избори, откако градоначалникот Благој Бочварски стана министер за транспорт и врски.

    Т. ЈОВАНОВСКИ     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира