ИЗБОРНИОТ КОЛЕГИУМ ЈА ПОТВРДИ ПОБЕДАТА НА БАЈДЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ

    ИЗБОРНИОТ КОЛЕГИУМ ЈА ПОТВРДИ ПОБЕДАТА НА БАЈДЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИНа национално ниво, Бајден освои седум милиони гласови повеќе од Трамп (Фото: Гети)

    Изборниот колегиум ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД, давајќи му мнозинство од своите гласови.

    Победата на Бајден беше зацементирана со гласањето на изборниот колегиум во Калифорнија, кој дава најмногу гласови од сите американски сојузни држави (55), овозможувајќи му да го надмине потребниот праг од 270 гласови. Бајден и Камала Харис имаат собрано 302 електорски гласови, 70 повеќе од Доналд Трамп и откако ќе заврши и гласањето во Хаваи, останува Конгресот и формално да ги прифати резултатите на 6 јануари.

    На национално ниво, Бајден освои седум милиони гласови повеќе од Трамп, но според американскиот изборен систем, гласачите всушност гласаат за „електори“, кои потоа формално гласаат за кандидатите неколку недели подоцна.

    „Во оваа битка за душата на Америка, демократијата превладеа. Народот гласаше. Вербата во нашите институции е зачувана. Интегритетот на нашиот изборен процес останува недопрен. И сега е време да свртиме нов лист, да се обединиме и зацелиме“, изјави Бајден во пресрет на своето обраќање до јавноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира