ПИТ БУТИЏИЏ ЌЕ БИДЕ ПРВИОТ ЈАВНО ДЕКЛАРИРАН ГЕЈ ВО АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА

    ПИТ БУТИЏИЏ ЌЕ БИДЕ ПРВИОТ ЈАВНО ДЕКЛАРИРАН ГЕЈ ВО АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДАБутиџиџ беше еден од ривалите на Бајден во трката на Демократите за претседателска номинација (Фото: Ројтерс)

    Пит Бутиџиџ ќе биде првиот јавно деклариран геј во американската влада, откако новоизбраниот претседател Џо Бајден најави дека ќе го назначи за министер за транспорт.

    Триесет и осумгодишниот Бутиџиџ беше еден од ривалите на Бајден во трката на Демократите за претседателска номинација и својата кампања ја заврши во март. Воениот ветеран од Авганистан, кој дотогаш беше непознато име на американската политичка сцена, беше градоначалник на својот роден град Саут Бенд, Индијана, од 2012 до јануари 2020.

    Бајден со ова продолжува да промовира различности во својот кабинет. Лојд Остин треба да биде првиот Афроамериканец на функцијата министер за одбрана, а Алехандро Мајоркас ќе биде првиот имигрант кој ќе го води одделот за домашна безбедност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира