НОСЕТЕ МАСКА НА СЕМЕЈНИТЕ СОБИРИ ЗА БОЖИЌ, ВЕЛИ СЗО

    НОСЕТЕ МАСКА НА СЕМЕЈНИТЕ СОБИРИ ЗА БОЖИЌ, ВЕЛИ СЗОУлиците на Берлин се празни откако Германија денеска почна да ги спроведува строгите мерки (Фото: ДПА)

    Светската здравствена организација им порача на Европејците да носат маска за време на семејните собири за Божиќ.

    „Европа се соочува со висок ризик од нов бран на ширењето на коронавирусот во почетокот на 2021 година, бидејќи трансмисијата останува голема“, вели СЗО.

    Голем број европски држави ги вратија строгите рестрикции во пресрет на празниците, но и планираат малку да ги ублажат за Божиќ. Според СЗО, наглото зголемување на бројот на собири за време на зимската празнична сезона може да биде проследен со значителен ризик од ширењето на коронавирусот.

    „Ако е можно, семејните собири би требало да се одржуваат надвор, а ако се собирате во затворено, носете маска и држете растојание. Тоа може да биде чудно кога сте со пријатели или роднини, но на тој начин придонесувате другите да бидат здрави и безбедни“, објави СЗО.

    Германија, Холандија, Чешка, Данска и Литванија се меѓу европските земји кои ги заострија мерките во пресрет на празниците, а нови мерки најавуваат и Италија и Шпанија. Франција, пак, го замени второто национално затворање со полициски час од 20 до шест часот.

    Претседателката на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен, кажа дека првата вакцина против ковид-19 во ЕУ би можела да биде одобрена за една недела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира