Американската невладина организација „Хабитат Македонија“ ѝ донираше на Општина Велес две возила за собирање отпад. Со нив ќе се собира цврст комунален отпад од локации во Велес каде што живее ромско население. Возилата се набавени преку проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“, што „Хабитат Македонија“ го реализира во општините Велес и Шуто Оризари.
„Набавката на овие возила е само дел од проектот. Вклучува и изработка на ДУП за два густо населени опфати во Општина Велес, како и реконструкција на домови каде што живеат маргинализирани семејства од ромската заедница“, кажа Зоран Костов, директор на „Хабитат Македонија“.
Возилата чинат околу 22.000 евра.
„Овие возила се неопходни за стрмните и непристапни улици во населбата каде што живеат Ромите. Се надевам дека ќе го подобриме квалитетот на живот“, рече Тони Јовиќ, директор на ЈКП „Дервен“, кое ќе биде корисник на возилата.
П. ПЕЧКОВ