ЦРВЕНИ ФЕНЕРИ НАМЕСТО ЦРВЕНИ ЧАДОРИ – СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ВЕЧЕРВА ЌЕ ИЗВЕДАТ ПЕРФОРМАНС ВО УНИВЕРЗАЛНА САЛА

    ЦРВЕНИ ФЕНЕРИ НАМЕСТО ЦРВЕНИ ЧАДОРИ – СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ВЕЧЕРВА ЌЕ ИЗВЕДАТ ПЕРФОРМАНС ВО УНИВЕРЗАЛНА САЛА„Нашите тела не се јавни простори“, велат сексуалните работнички. (Фото: К. Попов)

    „Ние“ е насловена годинашната кампања на Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-Стар“, кои денеска го одбележуваат Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. Поради пандемијата на ковид-19, тие денеска не го одржаа традициналниот Марш на црвениот чадор низ Скопје, туку наместо тоа, на Плоштадот Македонија ги отворија црвените чадори и со транспаренти порачаа „Нашите тела не се јавни простори“.

    Наместо марш по 13.пат, за вечерва во 18 часот е најавен нивниот тричасовен уметнички перформанс на излозите на Универзална сала.

    Годинава кампањата е насловена „Ние“. (Фото: К. Попов)

    „Пет девојки пред жешките излози на Универзална сала кои за момент ќе ви го доближат шармот на улицата на црвените фенери со борделите во Амстердам, но и на времето кога Скопје живеел боемски живот и се будел со првиот мрак и посетите на атрактивните сексуални работнички“, велат организаторите.

    Преносот ќе може да се следи на Фејсбук страната на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот и на партнерите ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција МАРГИНИ.

    „Стар-Стар“ е невладина организација, која од 2012 активно работи на имплементација на програмата за ХИВ превенција помеѓу сексуалните работници

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира