ПРИВАТНИ СОБИРИ ВО РЕСТОРАН ИЛИ ДОМА ИМААТ ГЛАВНА УЛОГА ВО ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ, ВЕЛАТ ФРАНЦУСКИ НАУЧНИЦИ

    ПРИВАТНИ СОБИРИ ВО РЕСТОРАН ИЛИ ДОМА ИМААТ ГЛАВНА УЛОГА ВО ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ, ВЕЛАТ ФРАНЦУСКИ НАУЧНИЦИИстражувачите утврдиле дека одење во ресторан и бар е поврзано со зголемен ризик од зараза (Фото: АФП)

    Јадење во ресторан и домашни вечери со гости играат клучна улога во пренесувањето на коронавирусот и во тој поглед претставуваат поголема опасност од јавниот превоз или одењето по продавници, заклучи истражувањето што го спроведе францускиот институт „Пастер“.

    Истражувачите анкетирале 3.400 луѓе кои биле заразени со коронавирус и 1.700 кои не го фатиле, со цел да откријат кои фактори имале улога во тоа. Од заразените, 44% знаеле кој им го пренесол вирусот, а во 35% случаи станувало збор за член на семејството.

    Истражувачите утврдиле дека одење во ресторан, бар и теретана е поврзано со зголемен ризик од зараза, за разлика од јавен превоз и влегување во продавници.

    „Видовме зголемен ризик поврзан со одење во ресторани и барови. Но, без разлика дали се случуваат на јавен или приватен простор, оброците играат клучна улога во пренесувањето на вирусот, затоа што луѓето седат блиску едни до други и не носат маска. Приватните средби, со роднини или пријатели, се главен извор на зараза. Не прави никаква разлика дали го правите тоа во ресторан или дома“, вели епидемиологот Арно Фонтанет, водач на истражувањето.

    Тој додава дека е сепак можно блиски луѓе да се видат за празниците.

    „Не се групирајте во голем број и не седете многу луѓе на иста маса“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира