НОВИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ ОТКРИЕН ВО АНГЛИЈА СЕ ШИРИ МНОГУ ПОБРЗО, НО НЕМА ДОКАЗИ ДЕКА Е ПООПАСЕН

    НОВИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ ОТКРИЕН ВО АНГЛИЈА СЕ ШИРИ МНОГУ ПОБРЗО, НО НЕМА ДОКАЗИ ДЕКА Е ПООПАСЕНВо Лондон, југоисточниот и во источниот дел на Англија повторно се воведени рестриктивни мерки од најстрог тип (Фото: ПА)

    Нов сој на коронавирусот откриен во Велика Британија неодамна може да се шири побрзо и се прават итни испитувања за да се потврди дека тој не придизвикува поголема стапка на смртност, изјави шефот на британските медицински служби Крис Вити.

    „Овој нов сој е откриен преку националниот геномски надзор. Како резултат на неговото брзо ширење и наглиот пораст на бројот на нови случаи на зараза на југоистокот на земјата, беше заклучено дека новиот сој може да се шири многу побрзо“, изјави Вити.

    Како резултат на ова, премиерот Борис Џонсон објави дека во Лондон, југоисточниот и во источниот дел на Англија ќе бидат воведени рестриктивни мерки од најстрог тип.

    „Ширењето на коронавирусот во многу делови на југоисточна Англија е предизвикано од новиот сој. Засега нема докази дека тој предизвикува посериозна болест или поголема смртност. Тој можеби е за 70% попренослив од стариот сој“, изјави Џонсон.

    Во овие делови на Англија се враќаат рестрикциите што важеа за целата земја во ноември. Жителите не смеат да излегуваат надвор и мора да работат од дома, ако можат. Ќе бидат затворени сите несуштински продавници и теретани. Мерките ќе бидат на сила најмалку две недели.

    „Поради раните докази што ги имаме за новиот сој, не можеме да го славиме Божиќ како што планиравме“, кажа Џонсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира