УНГАРСКИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ БИЛЕ НАПАДНАТИ СО БОМБА ОД ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО

a:1:{s:9:"td_source";s:37:"Будимпешта(БиБиСи)

    УНГАРСКИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ БИЛЕ НАПАДНАТИ СО БОМБА ОД ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО

    Унгарската полиција трага по осомничен кој самиот направил домашна бомба која експлодира во главниот град Будимпешта доцна навечер во саботата,повредувајки двајца полицајци.

    Осомничениот бил опишан како маж помеѓу 20 до 25 години и висок 170 цм.

    Унгарската полиција соопшти дека полицајците биле намерно нападнати.

    23-годишната полицајка која беше во критична состојба и нејзиниот 26-годишен колега се во стабилна состојба во болница.

    Властите понудија награда од 10 милиони унгарски форинти (околу 32.000 евра) на тој што ќе даде информација што ќе води до апсење на осомничениот. Од граѓаните се бара да ja контактираат полицијата ако имаат некаква информација или слика од инцидентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира