Повозрасен маж утринава е пронајден со прострелна рана во главата во влез на зградата каде живее градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, на булеварот „Октомвриска револуција”.
Соседите претпоставуваат дека се работи за самоубиство на човек кој не е од нивната зграда. Пукањето, најверојатно се случило помеѓу 7 и 8 часот на првиот кат, но никој не го слушнал.
„Јас во 10 до 8 излегов за работа и во влезот ме пресретна полиција. Ми рече дека е пронајден застрелан маж. Човекот е со бркови, а ние немаме таков сосед. Никој не го слушнал пукањето, не знаеме што е работата”, вели еден од станарите.
Полицијата е на терен и врши увид, по што ќе се знае дали се работи за самоубиство или убиство.
МРТОВ МАЖ НАЈДЕН ВО ЗГРАДАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КУМАНОВО
a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)
Содржината на текстовите во категоријата Дописна мрежа е единствена одговорност на www.sdk.mk и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.