Вредноста на крипто валутата биткоин продолжи да расте на и крајот од годината, достигнувајќи рекорд од 28.500 долари. Денеска биткоинот порасна за 5 отсто, а вкупно 47 отсто од почетокот на декември и на добар пат да го има најголемиот раст во еден месец од мај 2019.
Вредноста на биткоин порасна за речиси четири пати годинава, откако порасна и интересот на институционалните инвеститори. Паралелно со растот на биткоинот опаѓа вредноста на доларот, коj падна на најниско ниво од април 2018. Американската валута е под притисок, бидејќи инвеститорите се префрлаат на поризични инвестиции, надевајќи се на силно економско закрепнување следната година поради вакцинацијата против ковид-19.
Денеска во Британија беше одобрена и вакцината на Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека.