Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, е позитивен на коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Оттаму велат дека тој останува дома во изолација, се чувствува добро, а во изолација останува и неговата сопруга.
Според епидемиолошката анкета, велат од Министерството за здравство, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од Институтот за јавно здравје, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести.