ТРАМП СНИМЕН КАКО ЗАВЧЕРА ГО ПРИТИСКА ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР НА ЏОРЏИЈА ДА МУ ПРОНАЈДЕ ГЛАСОВИ СО КОИ БИ ПОБЕДИЛ НА ИЗБОРИТЕ

    ТРАМП СНИМЕН КАКО ЗАВЧЕРА ГО ПРИТИСКА ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР НА ЏОРЏИЈА ДА МУ ПРОНАЈДЕ ГЛАСОВИ СО КОИ БИ ПОБЕДИЛ НА ИЗБОРИТЕТрамп бара да му се обезбедат дополнителни 11.780 гласови, со што за еден глас би го победил Џо Бајден во Џорџија (Фото: АП)

    Доналд Трамп бил снимен како завчера од државниот секретар на Џорџија бара да му пронајде доста гласови со кои би го свртел резултатот од претседателските избори во своја корист.

    „Сакам да пронајдам 11.780 гласови“, му вели Трамп на Бред Рафенспергер на снимката што ја објави „Вашингтон пост“.

    Рафенспергер може да се слушне како му одговара на Трамп дека резултатите од изборите во Џорџија се точни.

    Од изборите на 3 ноември, Трамп не престана да обвинува за изборни измами и неправилности, за што досега не понуди никаков доказ. Сите 50 сојузни држави ги потврдија изборните резултати, додека сите судски тужби на кампањата на Трамп беа одбиени.

    На едночасовната снимка што ја објави „Вашингтон пост“, Трамп може да се слушне како го притиска и убедува државниот секретар на Џорџија. Тој притоа инсистира дека победил на изборите и му вели на Рафенспергер дека „нема ништо лошо во тоа да признае дека погрешно ги избројале гласовите“.

    „Вашите податоци се погрешни. Ние стоиме зад нашите бројки и веруваме дека се точни“, му вели Рафенспергер на Трамп.

    Трамп притоа бара да му се обезбедат дополнителни 11.780 гласови, со што за еден глас би го победил Џо Бајден во Џорџија.

    „Можете повторно да ги испитате резултатите, но со луѓе кои сакаат да пронајдат одговори“, вели Трамп.

    Белата куќа досега не го коментираше објавувањето на снимката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира