НЕМА ПОРИБУВАЊЕ НА РЕКАТА БАБУНА ОТИ ИМА ВИРУС КАЈ ПАСТРМКАТА, НЕ Е ОПАСЕН ЗА ЛУЃЕТО

    НЕМА ПОРИБУВАЊЕ НА РЕКАТА БАБУНА ОТИ ИМА ВИРУС КАЈ ПАСТРМКАТА, НЕ Е ОПАСЕН ЗА ЛУЃЕТОБолеста инфективна хематопоетска некроза кај пастрмките е вирусно заболување, но не е опасна по здравјето луѓето, вели Агенцијата за храна и ветерина. (Фото: СДК.МК)

    Поради вирусно заболување кај пастрмките во реката Бабуна не се изврши порибување на оваа река на истекот од мината година, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). На 30 декември, Здружението на спортски риболовци „Бабуна“ од Велес објави дека порибени се Езерото Младост, реките Тополка и Вардар, но не и Бабуна, поради препорака од АХВ.

    „Поради потврдено присуство на причинителот на болеста инфективна хематопоетска некроза (ИХН) кај пастрмките, а со цел спречување на ширењето на болеста и во други одгледувалишта на риби, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде решение со кое нареди спроведување на заштитни и контролни мерки, ограничување на движењето и ставањето во промет на животните од аквакултурата. Сите одгледувалишта каде е потврдено присуството на болеста ИХН кај пастрмките, се прогласени за заразени и се категоризираат во категорија V, со високо ниво на ризик. Болеста инфективна хематопоетска некроза кај пастрмките претставува вирусно заболување, но не е зооноза, односно, не е опасна по здравјето луѓето“, соопшти Агенцијата за храна и ветерина.

    Велат дека спроведувањето на активностите за порибување на реката Бабуна е во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, но поради појавата на оваа болест, Агенцијата за храна и ветеринарство издала препорака порибувањето да не се спроведува. Затоа количините на пастрмка со тежина до 70 грама, што беа предвидени за реката Бабуна, друѓтвото „Бабуна“ ги пушти во реката Тополка.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира