Американски онколог избришал речиси 650.000 долари долгови на 200 свои пациенти откако сфатил дека најголем дел од нив не се во можност да платат. Омар Атик ја донесол оваа одлука откако лани, по речиси 30 години работа, го затворил својот центар за лекување од рак во Аркансас.
Тој ангажирал фирма за наплата на долгови, кога увидел дека многу фамилии се наоѓаат во тешка финансиска состојба поради пандемијата. За божиќните празници, тој им испратил писмо на своите пациенти, известувајќи ги дека сите долгови ќе им бидат простени.
„Со тек на време, сфатив дека има многу луѓе кои едноставно не се во можност да платат. Размисливме за ова со мојата сопруга и решивме да ги простиме сите долгови. Видовме дека можеме да си го дозволиме тоа и решивме да го спроведеме“, изјави Атик.
Атик, кој потекнува од Пакистан, ја отворил Клиниката за рак во Пајн Блаф во 1991 година. Тој сега е професор на Универзитетот за медицински науки во Литл Рок.
„Немаше подобро време да го направиме тоа од пандемијата, која уништи домови, човечки животи и бизниси“, кажа Атик, додавајќи дека вкупниот долг од 200 негови пациенти изнесувал речиси 650.000 долари.